Политика на приватност

 

Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страницата retrokolektor.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Ретро Колектор.

Ретро Колектор како давател на услугите на Интернет страницата retrokolektor.m се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира Ретро Колектор и како истите ги користи.

Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет сраница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на retrokolektor.m интернет страницата.

Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа Изјава на приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи Интернет страницата retrokolektor.m

Оваа политика на приватност се однесува само за www.retrokolektor.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:

  • Име и презиме
  • e-mail адреса и
  • телефон за контакт

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Ретро Колектор го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

Ретро Колектор има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на банката со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на  трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на банката. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Ретро Колектор Ве информира дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени “cookies”. Без нив сајтот нема да функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Со логирање на вашиот профил можете да ги промените или избришете вашите податоци кои претходно сте ги внеле при првата регистрација. Единствено нешто што не можете да промените е вашата маил адреса. Доколку сакате да го користите вашиот профил со друга маил адреса, ќе мора одново да креирате нов профил со новата маил адреса и вашите податоци. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на contact@retrokolektor.mk. Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци се додека профилот е активен. При онлине плаќање на вашите нарачки доколку одберете зачувување на податоците од вашата платежна картичка на уредот преку кој се логирате, истите ќе бидат зачувани само на тој уред од кој сте се логирале и ние немаме апсолутно
никаков пристап до истите.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Ретро Колектор ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност. Повеќе информации за тоа што се “cookies” и какви типови има можете да најдете овде

Оваа политика на приватност стапува на сила од Декември 2022 година.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.rertokolektor.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.

Top